Пријави се
Почетна2021-06-17T14:51:17+02:00

ХАКАТОН: Е-ЗДРАВСТВО

ХАКАТОН: Е-ЗДРАВСТВО

Е-решенија за подобро здравје

01.06 – 27.06

ХАКАТОН: Е-ЗДРАВСТВО

ХАКАТОН: Е-ЗДРАВСТВО

Е-решенија за подобро здравје

01.06 – 27.06

Организиран од

Кои се предностите на е-здравство?

E-health или е-здравство претставува ефикасен и иновативен пристап за користење на информативните и технолошки иновации со цел унапредување на здравјето на луѓето. Пандемијата на КОВИД-19 ни ја посочи неопходноста од брза и безбедна соработка меѓу здравствените институции но и пошироко, меѓу државите.

Зголемена ефикасност и достапност до здравствени услуги, подобрено следење на пациентите, развивање на здрави навики и зголемена информираност се само дел од придобивките кои ги нудат дигиталните решенија во здравството.

Предизвици за овој хакатон

Секој тим треба да одбере еден од предизвиците и да креира решение:

  • Како да се подобри превенцијата и менаџирањето на COVID-19, особено кај високо-ризичните групи на пациенти
  • Унапредување на женското здравје преку превенција од малигни заболувања како канцер на цервикс, дојка и сл.

Предложените решенија треба да демонстрираат потенцијал за примена во системите на работење на јавното здравство.

Детална програма
challenge

Зошто е-здравство?

v-filipce

“Иновативните решенија од областа на е-здравството се основа за градење на модерен здравствен систем кој ќе овозможи информирано планирање на здравствените политики и  следење на исходите од лекувањето.”

доц.д-р. Венко Филипче, Министер за здравство, Влада на Република Северна Македонија

nikola-vasev-1

Дигиталните здравствени решенија треба да ги адресираат актуелните здравствени проблеми, да се едноставни и соодветни за локална примена и да помогнат во намалување на здравствените трошоци во иднина.”

Спец.д-р. Никола Васев, Директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

milena-stevanovik-1

Да изградиме ефикасни дигитални решенија кои се базираат на доверба и почитување на приватноста на пациентите.”

д-р. Милена Стевановиќ, Директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

aleksandar--petlickovski

Е-здравството им ја дава моќта на луѓето да учествуваат активно во грижата за сопственото здравје.”

Проф.д-р. Александар Петличковски, Директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика

viktorija--jovanovska

Интеграцијата на дигиталните решенија во системот на здравствена заштита е многу значајна и мора да биде направена внимателно, во соработка со јавноста и пациентите.”

д-р. Викторија Јовановска, Директор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство

Зошто да учествуваш?

Придонесуваш за јавното здравје

Твојата идеја може да биде едно од решенијата со кое ќе се подобри здравствениот систем

Награден фонд за победниците

30,000 евра паричен надоместок за победничките решенија

Работа во тим

Изгради го својот тим и биди предводен од врвни ментори

Здобиј се со нови искуства

Соработувај со талентирани истомисленици и прошири ги твоите знаења

Имаш решение?

Имаш решение?

Биди дел од добитниците на 30,000 евра од ФИТР и Рош

Пријави се и креирај иновативни e-health решенија за подобрување на јавното здравје

Пријави се

Важни датуми

01.06 - 17.06

Пријавување на учесници

10.06

Инфо сесија

17.06 - 21.06

Евалуација на апликациите, селекција и известување на пријавените учесници

24.06

Регистрација на учесниците и формирање на тимовите

25.06 - 27.06

48ч хакатон

hackathon-info (1)
hackathon-info-mob

Комисија

д-р Александра Ивановска
д-р Александра Ивановска

Директор на Рош Македонија

Биба Додева
Биба Додева

Борка – за секој нов ден

Потребни алатки

Преземи
Преземи
Преземи

Ментори

Доц.д-р Џенгис Јашар
Доц.д-р Џенгис Јашар

Специјалист по патолошка анатомија, Аџибадем Систина

Доц.д-р Катерина Кубелка Сабит
Доц.д-р Катерина Кубелка Сабит

Специјалист по патолошка анатомија, Аџибадем Систина

Проф.д-р Александар Петличковски
Проф.д-р Александар Петличковски

Директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика

д-р Игор Алуловски
д-р Игор Алуловски

Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство

Спец.д-р Игор Стојковски
Спец.д-р Игор Стојковски

Раководител на одделение за малигни тумори на ЦНС, коскени тумори и карцином на кожа, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

Спец.д-р Јасмина Џундева
Спец.д-р Јасмина Џундева

Одделение за малигни генитални тумори кај жена, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија

Асс.д-р Јакимовски Дејан
Асс.д-р Јакимовски Дејан

ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

Александра Стајковска
Александра Стајковска

Молекуларен биолог, Био Инженеринг/ Жан Митрев Клиника

Маријана Нешковска
Маријана Нешковска

Проектен Менаџер за имплементација на здравствени решенија, SORSIX

Димитар Спасовски
Димитар Спасовски

Сениор Софтверски Инженер / Тим Лидер, SORSIX

Мартин Котевски
Мартин Котевски

Сениор Софтверски Инженер / Тим Лидер, SORSIX

Виктор Тодев
Виктор Тодев

Сениор Софтверски Инженер, SORSIX

Награден фонд

Вкупниот буџет за хакатонот изнесува 30,000 евра во денарска противвредност, колку што е и максималниот износ на средства за финансирање на поединечен предлог проект. Износот на средствата се обезбедени во сооднос 51% од корпоративниот партнер Рош и 49% од ФИТР.

Исплатата на средствата ќе се одвива на следниот начин: 50% авансно, по потпишување на договорот, а останатите 50% ќе бидат исплатени по реализација на решението и поднесување на завршен извештај.

Трошоци прифатливи за финансирање во рамки на предлог-проектите (концептите) поднесени на натпреварите односно предизвиците се:

  • Бруто плати – износите на бруто плати за вработените лица ангажирани на проектот треба да соодветствуваaт на воспоставените практики на корисникот пред почетокот на проектот;
  • Набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;

  • Поддоговорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);

  • Ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;

  • Ангажирање на консултанти за потреби директно поврзани со резултатите на проектот (експертиза за иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг експертиза за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);

  • Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн;

  • Канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на оперативни трошоци поврзани со реализација на проектот) во максимален износ од 15% од вкупниот буџет на проектот.

Рокот на реализација на проектите е до 60 дена.

Често поставувани прашања

Често Поставувани Прашања

Што е хакатон?2021-05-25T23:12:59+02:00

Хакатон е настан, каде што учесниците се здружуваат за да создадат решенија и концепти од нула, за краток период, решавајќи ги тековните проблеми. Постојат хакатони со различно времетрање и различен вид, но една заедничка карактеристика за сите хакатони е дека тие се центрирани околу одредена тема.

До кога е крајниот рок за пријавување?2021-06-02T22:25:52+02:00

Крајниот рок за пријавување е 17.06.2021

Кои решенија се поддржани?2021-06-01T12:30:23+02:00

Поддржани решенија се:

  • Како да се подобри превенцијата и менаџирањето на COVID-19, особено кај високо-ризичните групи на пациенти
  • Унапредување на женското здравје преку превенција од малигни заболувања како канцер на цервикс, дојка и сл.
Каде може да се пријавам?2021-06-04T18:42:55+02:00

Можете да се пријавите на овој линк, најдоцна до 17.06.2021.

Дали можам да се пријавам индивидуално?2021-05-25T23:16:23+02:00

Секако! Доколку се пријавите индивидуално ќе бидете вклучени  во тимови во кои недостасуваат членови со Вашиот профил.

Дали се плаќа за учество?2021-05-25T23:18:11+02:00

Не, учеството е бесплатно за сите учесници на хакатонот.

Дали има награди за победниците?2021-06-01T12:28:06+02:00

Вкупниот буџет за предизвикот изнесува 30,000 евра во денарска противвредност кој ќе биде распределен на победничките решенија.