Предизвици за овој хакатон

Е-здравство, кога технологијата станува сојузник во борбата за подобро здравје за сите

Предизвик на хакатонот е развивање на предлог-иновативни решенија од областа на е-здравството, а со цел справување со следните јавно-здравствени проблеми:

  • Како да се подобри превенцијата и менаџирањето на COVID-19, особено кај високо-ризичните групи на пациенти
  • Унапредување на женското здравје преку превенција од малигни заболувања како канцер на цервикс, дојка и сл.

Предложените решенија треба да демонстрираат потенцијал за примена во системите на работење на јавното здравство.

Предлог-решенијата може да бидат во форма на веб или мобилна апликација или друга форма на продукт наменет за решавање на специфичен проблем со кој се соочува група на граѓани од некоја од наведените области или пак за дигитализација на постоечка услуга или подобрување на постоечко решение во рамките на здравствениот систем.

Проектите како е-рецепт, vakcinacija.mk и е-амбуланта, развиени и имплементирани од страна на Министерството за Зравство и Мој Термин, се неколку упешни приемери каде преку е-здравство се овозможи поголема достапност до здравствени услуги во време на COVID-19 пандемијата. Затоа, предложените решенија треба да демонстрираат потенцијал за примена во системите на работење на јавното здравство како придонес кон подобри здравствени услуги за граѓаните и забрзана дигитализација на здравствениот систем во државата

Што треба да изработите за време на хакатонот?

ФАЗА 1

Апликантот треба да достави предлог-концепт со груба проценка на буџетот и неговата структура, врз основа на кој Комисијата за оценување и избор ќе направи предселекција на кадидати за учесници на хакатонот.

ФАЗА 2

Предселектираните учесници/предлог-концепти ќе бидат дел од 48-часовен хакатон со онлајн присуство, каде со стручна поддршка од ФИТР, Рош, Управата за електронско здравство и други партнерски организации/институции ќе изработат прототип или демо верзија на решението. На крајот на хакатонот тимовите ќе ги презентираат своите решенија пред Комисијата за оценување и избор, по што следува финална селекција и избор на победник/ци.

ФАЗА 3

Наградените правни субјекти ќе потпишат договор со Фондот со што ќе се здобијат со обврска со доделените средства во рок од 60 дена од денот на потпишување на договор со Фондот да изработат и лансираат работна верзија на решението.

Имаш решение?

Имаш решение?

Биди дел од добитниците на 30,000 евра од ФИТР и Рош

Пријави се и креирај иновативни e-health решенија за подобрување на јавното здравје

Пријави се
We boost our clients to get more sales

Пример на решенија кои може да бидат поддржани:

  • Решенија за полесно следење и ажурирање на информациите од властите поврзани со COVID-19 вирусот и превентивните мерки

  • Решенија за следење и полесно водење евиденција на граѓаните кои примиле вакцина против COVID-19 вирусот во земјата или странство

  • Решенија со кои пациентите со висок ризик од компликации од COVID-19 вирусот би се селектирале во систем (да дава нотификација до матичниот и установата каде ќе биде упатен)

  • Решенија за спроведување на успешна програма за елиминација на цервикалниот карцином – имплементација и ефективно следење на редовен ХПВ скрининг

  • Развивање на дигитален пасош за женско здравје каде секоја жена ќе прати скрининг и прегледи на дојка (ултразвук на дојка, мамографија, магнетна резонанца на дојки), цервикс (ПАП/ХПВ скрининг) и вакцинален статус (за ХПВ)

  • Решенија за рана детекција на рак на дојка

*Листата содржи само предлози на можни решенија на кои може да работат тимовите и истата не е ограничувачка

Кој може да учествува?

Кој може да учествува?

Предизвикот е отворен за сите заинтересирани поединци, групи, организации и компании кои сметаат дека може да дадат креативен придонес во остварување на горенаведените цели. Заинтересираните може да се пријават индивидуално или во веќе формирани тимови од најмалку 2, а најмногу 5 членови физички лица. Доколку се индивидуално пријавени ќе бидат вклучени  во тимови во кои недостасуваат членови со нивниот профил. За остварување најдобри резултати во текот на хакатонот препорачливо е секој пријавен тим да има барем еден инженер од областа на информатичките технологиии (програмер), лице со позадина во природни или медицински науки, дизајнер и лице со бизнис позадина/претприемач.

Во случај кога како апликант се јавува тим чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, односно бил награден, апликантот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на известувањето за селекција, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51% од членовите на тимот, кое трговско друштво ќе ги преземе сите права и обврски во однос на спроведување на проектот.

Рок за пријавување

Рок за пријавување

Сите заинтересирани поединци или тимови можат да се пријават на следниот линк до 17.06.2021 година најдоцна до 14:00ч.

How to Write Stunning Blog Post Titles